Мицкоски: „Со храброст, одлучност, и со гордо крената глава да победиме заедно“

Нема социјалдемократски планини, и вмровски реки, нема градови и села на ДУИ, или на Алијанса и Беса, или Алтернатива, нема езера на Левица или на Знам, тоа е една единствена наша преубава татковина Македонија. Нема социјалдемократска или вмровска Македонија. Има само една Македонија. И ова е говорено многупати претходно но никој за жал ништо не преземал, рече претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на вечерашниот митинг во Прилеп.

„И се додека тоа не го разбереме сите, и одговорно се однесуваме кон тоа, затоа што е крајно време, и ова е ми се чини е нашата последна шанса, се до тогаш за жал, не е можен просперитет. Мора да разбереме дека има само една Македонија и сите сме нејзин составен дел и дека таа не е ништо без нас и ние без неа, и дека од тоа каква е и каква ќе биде, зависат нашите животи и животите на идните генерации“, додаде Мицкоски.

Advertisements

Претседателот Мицкоски посочи дека треба да се искористи овој момент со храброст, одлучност и гордо крената глава.

„Но, сега, додека стоиме на прагот на новото поглавје во приказната на нашата нација, да го искористиме овој момент со храброст и одлучност, и со гордо крената глава да ги победиме заедно“, рече Мицкоски.

Тој исто така додаде дека шансата за да се промени лошата реалност е на дофат со овие избори и треба само да веруваме дека можеме заедно.

„Сето тоа зависи од нас. Имаме шанса и таа е на дофат, со овие избори. Мора само да веруваме дека можеме заедно. Да веруваме во Македонија и во нас самите. Но сакам да истакнам пред овие парламентарни избори и втор круг на претседателски избори, додека стоиме на работ од овој историски момент, јас сум благодарен и со надеж“, потенцираше Мицкоски и додаде:

„Во текот на целата кампања патувавме заедно водени од заедничката визија за посилна, попросперитетна иднина за нашата нација. Ја презентиравме нашата програма Платформа 1198, која е сериозна програма со многу проекти кои треба да ја променат лошата реалност и да донесат ред и развој, и да ја вратат државата во рацете на граѓаните“.