Кралот Карл XVI Густав Шведски му додели признание на Самуел Наумовски Вицкиус, потпретседател на Македонски Концепт

Потпретседателот на Македонски концепт, Самуел Наумовски доби диплома од кралот Карл XVI Густав Шведски за успешно завршување на обука за лидерство, базирано на вредности.

„Ова признание е значаен доказ за нашата посветеност кон принципите на транспарентност, интегритет и етика во лидерството.

Продолжуваме со нашата визија за подобра и прогресивна Македонија, водена од европските вредности и стандарди“, информира Македонски концепт.

Advertisements