„Власта на заминување прави масовна пљачка на ЕЛЕМ И РЕК Битола“ – Николоски објави дека во сообраќајка на камионите со јаглен загинал човек

Власта на СДС И ДУИ на заминување прави масовна пљачка на ЕЛЕМ И РЕК Битола! Целта е да се искраде што сѐ може на заминување!Тендери се штанцаат на дневна основа, нормално за омилената фирма на белорускиот конзул!, објави на Фејсбук Александар Николоски од ВМРО-ДПМНЕ.

„Исто така дневно десетици камиони носат увозен јаглен! Тие камиони транзитираат низ Новаци кон РЕК Битола.

Advertisements

Во сообраќајна несреќа при судир на еден од тие камиони со трактор, еден човек го загуби животот. Затоа жителите на Новаци организираат протести за крај на криминалот во ЕЛЕМ и РЕК Битола!

Утре – Понеделник 27-ми мај од 10 часот се случува уште еден таков протест! Жителите на Новаци ја имаат мојата поддршка!

А, за криминалот во ЕЛЕМ и РЕК Битола веднаш по формирањето на Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ ќе започнат соодветни постапки за расчистување!

Криминалците ќе одговараат!“, вели Николоски.