Министерот во заминување Илир Демири го разреши директорот на Кардиохирургија

Министерот за здравство Илир Демири го разреши медицинскиот директор на Клиниката за кардиохирургија Марјан Шокаровски.

Како што јави Макфакс, тој открил дека во Клиниката минале 170 пациенти кои не се внесени во „Мој термин“.

Advertisements

Разрешена од функцијата е и Александра Ефтимов која од 2011 раководи со проектот за превенција на кардиоваскуларни заболувања. Не му дала извештај на министерот кои се странските експерти на кои државата им плаќа дневница од 700 евра за надгледување и помош во работата на лекарите.

До неевидентираните пациенти дошол откога формирал комисија да ги испита соменжите во јавноста за наводна зголемена смртност на клиниката. По сомнежите во јавноста за зголемена смртност на Клиниката за кардиохирургија, Демири формирал комисија да ги испита сомнежите.

„Извештајот кој го добив во петокот кажува дека нема значајна поврзаност по инсуинациите дека е зголемена смртноста меѓутоа има друг податок, тоа денеска го дознав, дека има 170 пациенти кои не се внесени регуларно во ‘Мој термин’ и немаат отпусно писмо или прилог умреница. Таквите пациенти, бројката на смртност сигурно може да ја сменат. Затоа денеска одлучив ова да го суспендирам, му престанува функцијата медицински директор на доктор Шукаровски. Тоа е една од причините, друга причина се крајно нарушените меѓучовечки односи во таа институција. Во една таква врвна институција едноставно се недозволиви такви нарушувања на односи“, рече министерот Демири нагласувајќи дека не сакал да разрешува оти е на заминување од функцијата.