Кузеска: Братот на Tрајко Славески од чувар бил унапреден во функционер во М-НАВ

Портпаролката на СДСМ, Богданка Кузеска денеска соопшти дека братот на гувернерот на Народната банка, Трајко Славески бил унапреден од чувар во член на Управен одбор на Акционерското друштво за вршење на дејноста давање услуги во воздухопловната навигација – М-НАВ. Според Кузеска, уште поскандалозно е што ова унапредување се случило уште во март 2025 година, а јавноста за него дознала дури пред неколку дена, кога членовите на Управниот одбор кои го спровеле незаконското унапредување добија кривична пријава.

„Управниот одбор на М-НАВ незаконски го унапредил Сашо Славески од работно место обезбедувач на имот на позицијата „помошник за обука и координација во Одделение за воздухопловни информации – AIS во Сектор за воздухопловна навигација“. Со тоа платата двојно му се зголемила, од 50.000 на околу 100.000 денари. Значи, за само 14 месеци незаконски му биле исплатени повеќе од 7.000 евра на штета на М-НАВ.

Само во ВМРО човек кој работел како чувар во М-НАВ станува член на Управниот одбор на институција задолжена за безбедноста на македонското небо“, велат од СДСМ.

Кузеска порача и дека „М-НАВ наместо за безбедност на македонското небо е претворено во партиски комитет на ВМРО“.

„Затоа младите се иселуваат од државата затоа што гледаат дека тука знаењето не се цени, системот функционира само за партиски подобните. Затоа ВМРО не сака во Европската Унија – затоа што тоа значи владеење на правото, професионални институции и мерит-систем“, стои во партиската реакција.