Антонио Милошоски од ВМРО-ДПМНЕ реагира на социјалните мрежи откако министерот во заминување Бујар Османи објави дека имал средби со странските амбасадори во земјава.
„Не е спорно што министерот во заминување Бујар Османи се жали пред дел од странските амбасадори за тоа дека ДУИ станала непожелен субјект на политичката сцена. Спорно е што министерот си ја кодоши сопствената држава и што тоа го прави во МНР, која како државна институција не е местото за вакви субјективни партиски поплаки.
На партиските поплаки местото им во партиското седиште на ДУИ. Или можеби во седиштето на ОБСЕ, каде токму Бујар Османи до вчера ја убедуваше целата домашна и меѓународна јавност дека сите институции се комплетно спремни за организирање на „европски” фер и демократски избори“, реагира Милошоски.

All reactions:
74