Мицкоски го осуди атентатот на словачкиот премиер – „Ваквите акти на насилство се напад врз демократските вредности и никогаш не смеат да бидат толерирани“

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски најстрого го осуди атентатот врз словачкиот премиер, кој е во критична состојба откако денеска беше пукано во него со огнено оружје.

„Силно го осудувам ужасниот обид за атентат врз премиерот на Република Словачка, Роберт Фицо. Ваквите акти на насилство се напад врз демократските вредности што ги негуваме и никогаш не смеат да бидат толерирани. Додека премиерот Фицо и неговото семејство минуваат низ ова тешко време, тие се во нашите мисли и молитви. Ние се солидаризираме со оние што се залагаат за принципите на редот и законот и повикуваме на брза, темелна истрага за да се изведат сторителите пред лицето на правдата“, пишува на социјалната мрежа на Фејсбук Мицкоски.

Advertisements