Љупчо Палевски, осомничен за убиството на Вања и Панче вечерва ќе биде спроведен во скопскиот истражен затвор

Љупчо Палевски Палчо, првообвинет за убиството на 14-годишната Вања Ѓорчевска и велешанецот Панче Жежовски, вечерва ќе биде донесен во Македонија, објави порталот 24инфо.

Според информациите, Палевски вечерва треба да слета на скопскиот аеродром по што директно ќе биде спроведен во Истражниот затвор Скопје

Advertisements

Палевски беше уапсен на 6 декември лани, откако првично избега во Србија па преку Бугарија стигна во Турција. Турската полиција го уапси во Баликесир.