Полицијата казни 172 возачи во Скопје

Секторот за внатрешни работи Скопје во текот на вчерашниот ден продолжи со контролите во областа на сообраќајот.

На територија на град Скопје изречени се вкупно 172 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина шест санкции, 13 мерки за возење без возачка дозвола, 11 санкции за минување на затворен сигнал (црвено светло).

Изречени се девет мерки за користење мобилен телефон при возење, шест санкции за технички неисправни и нерегистрирани возила, четири мерки за непочитување на првенство на минување.

Advertisements

Од МВР најавуваат дека сообраќајните контроли ќе продолжат и во наредните денови, воедно апелирајќи до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта.