Кинески научници успешно клонирале три „супер крави“

Кинески научници успешно клонирале три „супер крави“ кои можат да произведат невообичаено голема количина млеко, јавуваат кинеските медиуми.

Државниот Ningxia Daily објави дека експерти од Северозападниот универзитет за земјоделска и шумарска наука и технологија клонирале холштајн-фризиско говедо со потекло од Холандија, пренесува CNN.

Advertisements

Овие крави можат да произведат 18 тони млеко годишно, или 100 тони млеко во текот на нивниот живот, што е речиси 1,7 пати повеќе од количината на млеко произведено од просечна крава во САД. Како што велат, клонираните животни се родени на почетокот на оваа година.

Првото од клонираните телиња е родено на 30 декември со царски рез, поради неговата релативно голема тежина од 56,7 килограми.

Научниците клонирале 120 ембриони од клетките на високопродуктивните крави и ги сместиле во сурогат крава. Научникот кој го водеше проектот, Јин Јапинг, рече дека клонирањето на „суперкравата“ е голем чекор напред бидејќи ќе и овозможи на Кина да ги одгледува најдобрите раси „на економски изводлив начин“.

„Само пет од 10.000 крави во Кина можат да произведат 100 тони млеко во својот живот, што ги прави вреден ресурс за размножување. Но, понекогаш е тешко да се одреди точно за кое животно се работи, што го отежнува нивното одгледување. Планираме да создадеме стадо од повеќе од 1.000 супер крави за две до три години за да ја намалиме зависноста на Кина од увезените крави“, рече Јин.