Возачот на Итната медицинска помош кој почина по несреќата во Кочани, а превезе голем број пациенти ќе биде постхумно одликуван, најави денеска министерот за здравство Арбен Таравари.
– Тој ден сите работевме повеќе од 20 часа. Јас немам информација колку часа возачот работел, меѓутоа неспорно е дека направил огромна работа со превозот на пациенти. Како министер за здравство планирам следната недела да го викнам неговото семејство и постхумно да го одликувам, изјави Таравари.
Пожртвуваноста на Иле ќе биде овековечена – вајарот Филип Новески ќе изработи биста во чест на Гоцевски, кој со натчовечки напори 11 пати возел од Кочани за Скопје без престан цели 20 часа, носејќи ги повредените кон болниците.
Оваа биста ќе остане како симбол на неговата пожртвуваност и човечка доблест, а неговото херојство ќе остане запаметено како инспирација за идните генерации.