Тројца поранешни градоначалници на Општина Кочани, Николчо Илиев, Ратко Димитровски и Љупчо Папазов, се приведени попладнево.
Од Обвиннителството информираат дека во тек е полициска акција по наредба на Основното јавно обвинителство Кочани, а во врска со истрагата за пожарот во клубот “Пулс”.
Повеќе информации обвинителството ќе соопшти по завршување на акцијата во текот на утрешниот ден.