Македонското Mинистерство за надворешни работи попладнево потврди дека македонски државјанин со иницијали С.С. починал во Бугарија. Веднаш по добиената информација за случајот, Министерството преку амбасадата на земјава во Софија стапило во контакт со бугарските надлежни органи од кои добиле првични информации за случајот.
МНР информира дека преку Министерството за внатрешни работи стапиле во контакт со семејството на починатиот во земјава и додаваат дека стојат на располагање за комуникација и асистенција. МНР е во постојана и непосредна комуникација и со надлежните органи на Бугарија кои ја водат истрагата
Како што информира бугарските медиуми починатото момче е Стојан Спасов ( 26 години),а информацијата за неговата смрт на социјалните мрежи ја пренесоа негови другари, пријатели и роднини.
Телма јави дека тој подолг период живеел во Софија каде имал изнајмен стан.
„Неговите родители и блиски пријатели се во шок за ситуацијата и апелираат до македонската полиција да истражи повеќе за случајот и бараат помош да се вратат неговите посмртни останки во Македонија“, јави Телма.
Телото на момчето во Софија било пронајдено на 17 декември околу 21 часот и од првичниот увид нема траги на насилство.