Твитерџиите отворено му порачаа на Илон Маск да си оди – на Твитер не му треба таков шеф

Повеќето од оние кои гласаа во анкетата за иднината на Илон Маск на чело на Твитер одлучија тој да ја напушти функцијата шеф на компанијата, покажуваат резултатите од истражувањето кое го покренал самиот Маск.

„Дали треба да се повлечам од функцијата шеф на Твитер? Маск ги праша корисниците на платформата. Во моментот на објавување на веста, во истражувањето учествувале 17,5 милиони луѓе, од кои 57,5% сметаат дека милијардерот треба да ја напушти функцијата.

Advertisements

Маск вети дека ќе се согласи со одлуката што ќе ја изберат корисниците.

Засега нема коментари од бизнисменот за гласањето.

Последната објава што Маск ја остави на својот профил изгледа вака: „Оние кои сакаат моќ најмалку ја заслужуваат“.