СДСМ поднесе кривична пријава за Мицкоски за рушење на Уставот

СДСМ поднесе кривична пријава до ОЈО против премиерот Христијан Мицкоски откако во неколку наврати јавно даде изјава дека имал чувство дека многу наскоро поранешни функционери од СДСМ па и членови на нивните семејства ќе бидат изнесени пред лицето на правдата.

Генералниот секретар на партијата Александар Димитриевиќ во изјавата која ја да за медиумите посочи дека во овие изјави на Мицкоски препознаваат однапред нарачани судски процеси позади кои како што додаваат стои токму тој што според нив тоа би можело да значи дирекно мешање на извршната врз судската власт .

Токму поради ова и лидерот на партијата Венко Филипче информираше дека испратил официјални писма до институциите на Европска Унија – Европска комисија, Европски парламент, како и до известувачот за Северна Македонија и амбасадорите на земјите членки, во кои изразува загриженост за состојбите со владеењето на правото во земјата, но и предупредува за нарушување на демократскиот и уставниот поредок и поделбата на власта, а премиерот Мицкоски пак и денеска во изјава за медиумите повтори дека ваквото чувство за функционери на СДСМ му е се посилно дека ќе бидат изнесени пред лицето на правдата и органите на прогонот .

Ваквите партиски прозивки и препукувања меѓу власта и опозицијата станаа се поактуелни по падот на Орбан и актуелизирањето на темата дали Никола Груевски ќе се врати во земјата откако опозицијата почна да бара екстрадиција а пак власта и денеска посочи дека нема поента да се бара екстрадиција на Груевски додека тој има азил кој се уште му е активен и дека истиот треба да му истече за да може да се бара официјално екстрадиција.