Со честитка на македонски јазик ја поздрави францускиот претседаел Емануел Макрон победата на Гордана Силјановска Давкова.
„Се отвора нова страница кај нашите македонски пријатели. Ја поздравувам храбрата посветеност на Стево Пендаровски, а на Гордана Силјановска Давкова ѝ ги упатувам моите срдечни честитки за изборот за Претседател.
Франција останува на страната на Северна Македонија за да ја придружува во реформите и нејзината европска иднина“, вели Макрон во честитката за Силјановска Давкова која на претседателските избори извојува убедлива победа со 561.000 освоени гласови, а кандидатот на коалицијата на СДСМ Стево Пендаровски освои 251.881 глас.