Силјановска Давкова: Помирувањето во македонското општество треба да биде темел на нашата заедничка иднина“

Денот на Христовото воскресение – Велигден, како најголем христијански празник е темел на нашата вера. Денот кога Божјата љубов кон човештвото победи над гневот, ја засилува нашата должност да се однесуваме кон секој човек во согласност со неотуѓивото човечко достоинство, велипрофесорката и кандидатка за претседателка на Македонија Гордана Силјановска Давкова во својата велигденска честитка.

„ Како што големото помирување меѓу Бог и човештвото е основа за надежта, во победата на животот над смртта, така и помирувањето во македонското општество треба да биде темел на нашата заедничка иднина.

Advertisements

Само со толеранција, солидарност и емпатија можеме да ја градиме нашата единствена, заедничка татковина, Република Македонија. Ви го честитам најголемиот празник, Велигден, со искрена желба да го поминете во добро здравје, мир и спокој. Христос воскресна!“, честита Силјановска Давкова.