Атентат на руски дипломат, пакет бомба му експлодирала во раце

Писмо бомба експлодира денеска во руската Aмбасада во Централноафриканската Република – едно лице е повредено, пренесува AFP.

Според портпаролот на Амбасадата повреден е шефот на рускиот културен центар во Централноафриканската Република, а сериозноста на повредите засега не е позната.

Службеникот беше идентификуван како Дмитриј Сити. Според првичните информации пакет-бомбата експлодирала во рацете на Сити и тој бил однесен во болница по инцидентот, кој го опиша како терористички напад.

Advertisements

Групата тврдеше дека Сити добил закани поради врските на Русија со владата на ЦАР.