ФИФА НЕ САКА ВО СПОРТОТ ДА СЕ МЕША ПОЛИТИКА – не му дозволи на Зеленски да се обрати на Светското првенство во Катар

Си-ен-ен јави дека канцеларијата на украинскиот претседател Володимир Зеленски ѝпонудила на ФИФА  да им се обрати на навивачите во Катар преку видеоврска, но наводно, според извор кој не беше именуван, предлогот бил одбиен.

Засега не се знае дали пораката на Зеленски требало да се емитува во живо или да биде снимена

Advertisements

Киев постојано се обидуваше да ги искористи големите светски настани, без разлика на нивната содржина, за да го привлече вниманието на војната во Украина.

Зеленски се појави преку видеоврска во неколку ситуации, од самитот на Г20 до „Греми“ и Канскиот филмски фестивал.

Тој исто така разговараше со голем број новинари и познати личности, вклучувајќи ги и Шон Пен и Дејвид Летерман, пренесе „Индекс.хр“.