Сали Бериша, поранешниот премиер на Албанија и лидерот на Демократската партија денеска на протест беше нападнат од граѓанин кој со тупаница го удри во лицето и го раскрвари, јавуваат албанските медиуми.
Додека Бериша одеше со граѓаните на протестот, маж го удри со тупаница, а поддржувачи и обезбедувањето му се нафрлија на напаѓачот и почнаа да го тепаат.