Триесет и пет годишен маж е спасен од под урнатините на срушена зграда во јужната турска провинција Хатај, 149 часа по силниот земјотрес што го погоди регионот, јави турската државна новинска агенција Анадолу, пренесува Си-Ен-Ен.
Мажот, идентификуван како Мустафа Саригул, бил пронајден меѓу урнатините на шесткатната зграда при претрага за преживеани.
Екипите за пребарување и спасување, како и воен персонал и членови на романскиот тим за пребарување и спасување, работеле пет часа за да го спасат човекот.
Бројот на загинати низ Турција и Сирија по земјотресот достигна 28.192.
Hatay’da 35 yaşındaki Mustafa Sarıgül depremden 149 saat sonra enkazdan sağ çıkarıldıhttps://t.co/GwIONDM33g pic.twitter.com/DpsmcCgjqh
— Sözcü (@gazetesozcu) February 12, 2023