По 182 часа од разорниот земјотрес, спасувачките екипи пронајдоа живо 12 годишно момче под урнатините на уништен стан во градот Антакија, во провинцијата Хатај, пренесува Хабер Турк.
Момчето по име Кан спасувачите го извлекоа од под урнатините, по што е пренесено во болница
Hatay’ın Antakya ilçesinde depremin 182’nci saatinde 12 yaşındaki çocuk mahsur kaldığı binanın enkazından sağ çıkarıldı.
pic.twitter.com/ycdicrsqIe— Fulya Öztürk (@Fullyaozturk) February 13, 2023
Во двата земјотреси во Сирија и Турција до сега животот го загубија над 36 илјади лица, а очекувањата се дека бројот дополнително ќе расте. Спасувачите според најавите ќе продолжат да бараат преживеани уште неколку дена, бидејќи потоа шансите за живот под урнатините се еднакви на нула.