ГОЛЕМА ТРАГЕДИЈА: Млад музичар загина синоќа во стравична сообраќајка

Бројни колеги и пријатели се збогуваат со младиот музичар на социјалните мрежи. Младиот тапанар загина во сообраќајна несреќа што се случи на автопатот А3 во близина на Иваниќ-Град во четврток вечерта.

Дваесетгодишниот Борна Јурички загина во тешка сообраќајна несреќа што се случи во 21:43 часот на 68-миот километар во правец исток.

Во несреќата учествувале автомобил во кој се наоѓал Јурички и камион со приколка.

„Не можеме да веруваме дека го пишуваме ова и дека мораме да го кажеме ова гласно. Го изгубивме нашиот Борна. Изгубивме дел од себе . Не можеме да кажеме многу повеќе во моментов бидејќи сите зборови се излишни, освен дека те сакаме Борна, ти си дел од нашето семејство и еден ден, некаде подалеку, ќе се сретнеме повторно“, рекоа од бендот „Друга димензија“, во кој свиреше Јурички.