Вечерашниот втор натпревар од плејоф-финалето меѓу МЗТ Скопје Аеродром и Маџари започна со минута молчење.
Потегот е во чест на прерано починатиот Симеон Анастасов – Мони (45).
Станува збор за еден од истакнатите членови на навивачката група Фемили.
„Твојот глас, љубов и поддршка за МЗТ Скопје засекогаш ќе останат дел од нашето сино-бело семејство. Почивај во мир!“, пишува во објавата на КК МЗТ Скопје Аеродром.


