Ковачевски со Шолц и Макрон во Тирана

Премиерот Димитар Ковачевски на Фејсбук објави дека имал разговор со германскиот канцелар Олаф Шолц и францускиот претседател Емануел Макрон во рамките на самитот ЕУ-Западен Балкан кој се одржува во Тирана.

– Со претседателот на Франција Емануел Макрон и канцеларот на Германија Олаф Шолц, кои се наши големи поддржувачи, секогаш имаме конструктивни разговори за европската иднина на Северна Македонија. Денеска за време на Самитот во Тирана разговаравме за актуелните процеси во Република Северна Македонија, посебно во делот на започнатиот скрининг процес како и за предизвиците со кои се соочуваме и успешно ги надминуваме. Тема на нашиот разговор беше и енергетската криза, актуелните состојби во Европа и војната во Украина, напиша Ковачевски на Фејсбук.