Шукова: ВМРО-ДПМНЕ пред две години ветуваше поништување на Преспанскиот договор и репреговарање на Преговарачката рамка

Претседателката на Форумот на жени во СДСМ, Каја Шукова смета дека нашите политики се јасни во однос на пристапувањето со ЕУ.

Вели дека во однос на тоа имаат значителни разлики со ВМРО-ДПМНЕ, кое што, како што вели, во текот на изборната кампања пред две години велеше дека ќе го поништи Преспанскиот договор, дека ќе ја репреговара Преговарачката рамка и дека ќе има подобри услови за Македонија.

-Ние после две години тоа не го гледаме и не гледаме било какви најави во наредните години што ќе се направи во тој дел. Владата вели дека без ВМРО-ДПМНЕ нема уставни измени, тоа е нивен став, но не вели на кој начин ќе го отвори процесот на Македонијаа со ЕУ.

Очигледно е дека сите изјави на сите оние кои што дошле во Скопје и давале изјави во Брисел се дека додека не се усвојуват уставните измени, Македонија нема даа ги отвори преговорите, рече Шукова во емисијатаа „Само вистина“.

Таа е децидна дека македонскиот јазик и идентитет се затворено прашање и дека единствена пречка во моментов за отворање на процесот со ЕУ се уставните измени.