Цементарница „Усје“ АД Скопје во првите три месеци од годинава оствари позитивен финансиски резултат.
Консолидираната нето добивка во износ од 192.609.000 денари, односно 3,12 милиони евра, е значително поголема од ланската во периодот јануари – март, кога била 102,3 илјади евра (6.311.000 денари).
Притоа, вкупните приходи се 18,33 милиони евра (1.130.976.000 денари) и се над реализираните во споредбениот период од 14,67 милиони евра (905.314.000 денари). Најголемиот дел од нив, 70 проценти, потекнуваат од домашниот пазар, 792.835.000 денари или 12,85 милиони евра.
Минатата година во истиот квартал тие резултати бие 10,98 милиони евра (677.624.000 денари). Приливот од странските пазари е 5,48 милиони евра (338.141.000 денари) и е поголем од периодот со кој се споредува – 3,69 милиони евра (227.690.000 денари).