(ВИДЕО) Инспектор Томе од „Преспав“ со отворено писмо до амбасадорката Агелер: Корупцијата е нашата татковина!

Актерот Горан Стојановски, познат како инспектор Томе од серијата „Преспав“ преку видео се обрати до амабсадорката на САД, Анџела Агелер, во кое преку „отворено писмо“ дава низа „предлози“ за тоа како да се „унапреди“ работата на специјалниот тим од Вашингтон, кој е пристигнат во Македонија да се бори со корупцијата.

„По повод Меѓународниот ден на борба против корупцијата, 9 декември, инспектор Томе подготви обраќање до амбасадорката Агелер, со предлог кој е тешко да се одбие“, се вели во постот со видео на Фејсбук профилот на серијата „Преспав“.