(ВИДЕО) „Брат ми е убиен!“ Мистериозна смрт на американски новинар во Катар го потресе фудбалскиот свет

Еден од најпознатите американски фудбалски новинари, Грант Вал(48), почина во петокот во Катар додека известуваше од Светското првенство. Неговиот брат, Ерик Вал, тврди дека Грант бил убиен поради начинот на неговото известување од Катар, со кое даваше поддршка на ЛГБТ заедницата и  отворено пркосеше на режимот во Катар.

Вaл почина додека известуваше за четвртфиналниот натпревар, се наведува во соопштението на Американската фудбалска асоцијација, а медиумите прецизираат дека тој починал за време на натпреварот помеѓу Аргентина и Холандија.

Advertisements

Причината за смртта останува непозната.

„Целото американско фудбалско семејство е скршено поради созданието дека го загубивме Грант Вал“, се вели во соопштението на Сојузот.

„Му благодариме на Грант за неговата огромна посветеност и влијание врз нашата игра во САД. Неговото пишување и приказните што ги раскажа ќе продолжат да живеат“, се вели во соопштението.

Претходно на турнирот, Вал беше повикан од катарските власти за носење маица во боите на виножитото, за да покаже поддршка за ЛГБТ заедницата. Истополовите врски се нелегални во Катар.

Неговиот брат Ерик, кој е хомосексуалец, со солзи изјави за американските медиуми и во видео обраќање на „Твитер“ дека неговиот брат можеби е убиен. Тој кој беше приведен по натпреварот Америка против Велс затоа што носел дрес со знаме со виножито.

Братот на Вал рече: „Јас сум причината поради која го носеше дресот со виножито на Светското првенство“. Не верувам дека брат ми умре, мислам дека е убиен“.

Рафаел Корес, известувач на „Univision“ кој седел до Вал на натпреварот, им рекол на американските новинари дека Вал работел на својот лаптоп, кога било некои 4 минути пред крајот на продолжетокот, „тој се смееше на една шега што ја видовме на Твитер само неколку минути. порано. Не можам да верувам. Моето најдлабоко сочувство до семејството на Грант Вал“.

Вал стана првиот фудбалски колумнист на „Sports Illustrated“ во 2000 година и е веројатно најпознатиот фудбалски новинар во САД. Тој го напушти Sports Illustrated во 2020 година, но продолжи да го следи фудбалот.

Една од неговите последни објави беше за смртта на печалбар во Катар за време на Мундијалот и рамнодушната реакција на катарските власти.