Српските медиуми објавија дека на веб странцата Систем за предупредување за небезбедни производи (NEPRO) на Министерствотото за трговија на Србија има известување дека нараквица со перли и затворач на H&M е повлечена од пазарот поради хемиски ризик, т.е. содржат премногу олово.
Поточно, нараквиците содржат ниво на олово кое ги надминува дозволените вредности пропишани со регулативата REACH.
Нараквица со мониста од брендот H&M со ID: PN 1163609 O/N 498512, 433537, 498564, 433538, 482859. Производот се продаваше во машкиот оддел во продавниците за малопродажба на H&M од 28.12.28. до 11.07.2023 година.
„Оловото е супстанца која претставува ризик по здравјето на луѓето и животните, а е опасна и за животната средина. Исто така, нивоата на изложеност може да предизвикаат штета и на луѓето, на животните и на животната средина“, се вели на веб-страницата на НЕПРО.
Фото: Принтскрин