Кои се мотивите за убиството на лекарот во Железара? – уапсени се двајца осомничени

Двајца се приведени за убиството на матичниот лекар Ацо Трпковски, изјави вечерва министерот за внатрешни работи Панче Тошковски во поткастот Претрес на Скопје 1. 

„Преземени се преку 20 истражни дејствија, прегледани се преку 50 камери, видео записи за овие шест, седум дена. Се врши претрес на одредена локација. Имаме осомничени луѓе за убиството, има одредени материјални траги кои не водат до овие осомничени. Две лица се приведени и се надевам дека во најкратко можно време ќе можеме да излеземе со детали за овој дел од истражните дејствија, изјави Тошковски.

Во овој момент се постапувало по наредба по судија на претходна постапка. Мотивите за убиството на докторот, како што рече министерот, не биле поврзани со неговата професија.

Advertisements

Матичниот лекар Ацо Трпковски беше до смрт избоден во својот паркиран автомобил „Киа“ пред поликлиниката Железара, а неговото безживотно тело го пронашле неговите синови.