(ВИДЕО) Ова е животниот проект на Артан Груби, една година нема ни грам асфалт

Оваа влада на година дена после потпишувањето на еден од најкриминалните договори „Бехтел и Енка“  се уште нема поставено ниту грам асфалт на оваа релација но затоа има потрошено наши, односно ваши пари во износ од преку 200 милиони евра токму за ова ништо, изјави денеска Дафина Стојаноска, носителка на изборната единица 6.

„Со програмата платформа 1198 ВМРО-ДПМНЕ ветува изградба на правецот Тетово – Гостивар и завршување на автопатот  Кичево – Охрид.

Ова е еден од нај големите приоритети токму за жителите на изборната единица 6 и ова е доказ односно потврда дека за нас граѓаните се на прво место.

Advertisements

Со ВМРО-ДПМНЕ Македонија повторно ќе биде твоја и повторно горда“, порача Стојаноска.