Турчинка нападнала полицаец на скопскиот аеродром

МВР информира дека вчера на граничниот премин „Меѓународен аеродром Скопје“, полициски службеници ја лишиле од слобода Е.Б.(36) од Република Турција затоа што околу 19.00 часот го нарушила јавниот ред и мир и физички нападнала полициски службеник кој извршувал службени дејствија.

Лицето било спроведено во Полициското одделение Петровец за понатамошна постапка.