По повод празникот Рамазан Бајрам поранешниот министер за внатрешни работи, Оливер Спасовски го посети домот на вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи, кој на својата Фејсбук страна сподели селфи-фотографија.
„Да продолжиме да ги отвораме нашите срца и домови еден кон друг, ширејќи добрина, љубов и радост каде и да одиме“, се вели во написот на објавата на Битиќи.