Пендаровски се има изјаснето за избор на претседател на Собранието, вака одговаара неговиот тим за условувањата на ДУИ

 Стево Пендаровски се има изјаснето на оваа тема.Прашањето е дали ДПМНЕ го промениле ставот?, кратко соопштија од тимот на Стево Пендаровски, претседателскиот кандидат и актуелен претседател на државата, откако претходно ВМРО-ДПМНЕ побара да се изјасни дали ги прифаќа условите на ДУИза поддршка во вториот круг и за избор на претседател во Собранието.

Од ВМРО-ДПМНЕ претходно прашаа дали за Пендаровски е прифатлив овој услов за поддршка во вториот круг, потсетувајќи на изјвата на Артан Груби дека услов за коалиција и поддршка во втор круг е ДУИ да добие ветување за избор на претседателот на државата во Собранието од наредните избори.

„Стево Пендаровски како слуга, поддржувач и човек што се восхитува на Али Ахмети да каже дали за него е прифатлив овој услов за поддршка во вториот круг, вели ВМРО-ДПМНЕ во денешното соопштение.

Advertisements

Пендаровски и СДС јасно да кажат дали ќе прифатат претседател на државата да се бира во Собранието, наместо директно од народот?

Наместо да бега од одговори, очекуваме јасен став од Пендаровски, колку и тоа да е тешко за него. Едноставно е ќе го прифати или не условот на Артан Груби и ДУИ претседател на Собранието да се бира во Собранието?“,праша ВМРО-ДПМНЕ.

Во изјава за медиумите, Драган Ковачки, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ и носител на Изборна единица 3 вели дека „вчерашната изјава на Артан Груби дека поддршка односно услов за поддршка и добивање на гласовите на ДУИ за претседател во вториот круг е избор на претседател на држава во Собрание, не е ништо друго освен ултиматум“.

Да се потсетиме што изјави Пендаровски неодамна во врска со изборот на собранискиот претседател во законодавниот дом.

„Далеку е подобро да имате претседател кој е назависен во однос на политичките субјекти па и во однос на економските центри на моќ, кога сте бирани на општи избори отколку кога сте бирани во Собрание. Ако смеам да шпекулирам, во 2019 за аферата Рекет бев во директна колизија со ставовите на тогаш владејачката партија. Јас ви тврдам ако бев избран во Собрание, дури и со квалификувано мнозинство, ќе бев сменет истото попладне. На Македонија ѝ е потребна ваква независна институција која може да биде баланс, мора да постои една морална вертикала која дури и на оние кои го предложиле и го гласале ќе им каже „до тука“, рече тој.