Осуда и револт кај граѓаните, откако на митинг на кандидатот за претседател Стево Пендаровски во Куманово беа изречени срамни навреди кон професорката и кандидатка за претседателка на Македонија Гордана Силјановска Давкова.
Ви ја пренесуваме реакцијата од пратеникот Антонио Милошоски:
„Многу ниско од Пендаровски што нарачува ваков говор на омраза кон професорката Силјаноска, со омаловажување на жената преку возраста.
Дури и кога очекуваш изборен пораз, треба да бидеш достоинствен и човечно да се однесуваш кон конкуренцијата, со должна почит кон сите кандидати, особено кон дамите.
Борбата за рамноправност меѓу жените и мажите не е само парола, туку и личен пример кој треба да го покажат на дело сите јавни личности и функционери.
А ова што вечерва го одобри и премолчи Пендаровски е пример како не треба да постапи никој друг политичар, воспитан маж и џентлмен“, вели Милошоски.