„На СДС им е јасно дека ВМРО-ДПМНЕ и Гордана Силјановска Давкова се победници, после 8 мај нема да биде „како досега“ порача Мицкоски од Кривогаштани

Ова се избори во кои народот треба да си ја врати државата која е киднапирана од страна на неколкумина од ДУИ и малкумина нивни измеќари од редот на СДС. Ова е избор помеѓу Македонија горда и достоинствена со пристоен живот и втора опција која ја нудат другите тоа е ограбена и понижена и Македонија. Немаме можност за втора шанса и ако овие продолжат како до сега државата се помалку ќе ја има, изјави претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, на денешниот митинг во Кривогаштани.

Мицкоски посочи дека дури и членството од СДС е разочарано од нивното раководство и одбива да биде измеќар на ДУИ и бара промени во државата.

– Јасно им е дека ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата победуваат на овие избори и дека Гордана Силјановска Давкова е победник на овие избори затоа сакаат да помогнат да не биде таа влада уценувана од страна на Али Ахмети и останатите. Ова не се избори во кои одлучуваат нијанси, туку јасен е победникот, туку прашањето е на чест и достоинство, дали ќе застанеме позади интересот на Македонија и ќе се бориме за национално единство или ова ќе бидат избори во кои тие како членови и симпатизери на СДС ќе останат слепи послушници на раководството на СДС кои за жал е претворена во измеќар на ДУИ, рече Мицкоски.

Advertisements

Мицкоски нагласи дека  криминалот нема етничка димензија, а овие луѓе повеќе од 20 години ја ограбија Македонија, и после 8 мај нема да биде „како до сега“, туку ќе има одговорност.

– Пред 20 години влегоа во политика со романтични идеи, а денеска гледаме како членови на семејството на Ахмети купуваат мултимилионски имоти во големите градови во Македонија, како сватовите возат Ролс Ројс и најскапи марки возила, како другите роднини имаат фирми кои вртат мултимилиони.  Затоа повикувам масовно да излеземе на 24 април, а потоа и на 8 мај да гласаме за бројот 2 затоа што сиот криминал кој се случуваше изминативе години има име и презиме и ќе одговараат после 8 мај, потенцираше Мицкоски.

Мицкоски зборувајќи за Пендаровски посочи дека нема извештај за сработеното, но од него имаме слушнато неколку работи по кои ќе биде препознаен и дека едната работа е дека сите кои нема да гласат за него не сака очи да им види, а потоа се расфрла со навреди.

Пендаровски прво е вознемирен, па исплашен, знае дека довербата која ја има ВМРО-ДПМНЕ, коалицијата Твоја Македонија и Гордана Силјановска Давкова е најмалку 3 пати поголема од сите оние кои го поддржуваат него. Знае дека после 8 мај ќе има одговорност за сето она што и го направија на Македонија и народот, а тој е нем набљудувач и не спречи некои од процесите да се случат, изјави Мицкоски.