Караванот на Државната изборна комисија е дел од кампањата „ТИ СИ НА РЕД“ и почнува утре од Градско, Битола и Пласница,

Караванот на Државната изборна комисија е дел од кампањата „ТИ СИ НА РЕД“ и започнува утре со посета на Градско, Битола и Пласница, а ќе бидат опфатени преку 12 општини од територијата на Македонија.

Како дел од овогодинешната едукативна и информативна кампања, ДИК во општините кои ќе ги посети ќе дели едукативен материјал, со цел да ги претстави гласачките права на гласачите за претстојните парламентарни и претседателски избори и да ги едуцира и за двата изборни циклуси.

Advertisements

Караванот на ДИК започнува утре, а ќе се посетат следните градови и општини: – Струмица, Конче и Штип, Куманово и Старо Нагоричане, Скопје и Студеничани и Тетово и Теарце.

Државната изборна комисија, ја подготви оваа едукативна и информативна кампања – „ТИ СИ НА РЕД“ со цел да поттикне поголема излезност на овие избори и да упати апел кон сите гласачи, дека и на претстојните претседателски и парламентарни избори нивните лични гласачки права се загарантирани, се вели во соопштението од ДИК.