СТОЈАНЧЕ АНГЕЛОВ МУ НАЦРТА НА БУЈАР ОСМАНИ КОЈ Е ГАЗДА ВО МАКЕДОНИЈА

Стојанче Ангелов, лидерот на Достоинство сликовито му покажа на Бујар Османи од ДУИ кој заговара Бадентер при составот на новата влада што е спротивно на Уставот каде во членот 99 е јасно пропишано дека состав на Влада добива кандидатот на партијата, односно партиите кои имаат мнозинство и тоа најмалку 61 пратеник.

„ЦРТЕЖ ЗА БУЈАР ОСМАНИ

На таблата е нацртана една маса. Околу масата седат и разговараат 10 македонски граѓани. Од нив само 2,5 се Албанци. Останатите 7,5 лица се Македонци и други наши сограѓани. Од оние пак 2,5 Албанци максимум еден е од ДУИ.

Advertisements

Овојпат коалицијата „Твоја Македонија” предводена од ВМРО ДПМНЕ на чело со Христијан Мицкоски силно ќе удри на масата и тој едниот Албанец од ДУИ ќе го испрати да стои во ќош додека мнозинство од останатите 9 лица кои седат на истата маса не одлучат што понатаму со иднината на Македонија.

Притоа тој од ќошот ќе треба да даде одговор на повеќе, за него непријатни прашања, а одговорите на некои од нив ќе треба да ги даде во соодветни институции кои овојпат нема да бидат предводени од лица на кои им седат врз глава.
Ух, наместо да нацртам еден цртеж како Бујар, јас се зацртав и од моето цртање може да се направи краток но поучен стрип“ , му порача Ангелов на Османи.