Тешка сообраќајна несреќа се случила утрово на булеварот Партизански одреди во скопската населба Влае при што дошло до судир на две возила, од кои едното е преполовено од силата на ударот.
МВР информира дека со возилата управувале 32-годишна скопјанка и 27-годишник, двајцата од Скопје.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила жената, констатирани во Комплекс клиники „Мајка Тереза“, а другиот возач и неговиот сопатник се здобиле со телесни повреди.
За настанот бил известен јавен обвинител, а увид извршила увидна екипа од СВР Скопје

