Левица со 6 (шест) пратеника во парламентот резултираше на парламентарните избори, 2024.
На прес – конференцијата по овој повод, претседателот на Левица, Димитар Апасиев, имаше свое обраќање кон народот.
– Да прославиме пасокизација на СДС и факторизација на ЛЕВИЦА! Прва пратеничка група на Левица, прва жена – пратеник на Левица – истакна Апасиев.
Од ИЕ2, во парламентот влегува еден пратеник – портпаролот на Левица, Амар Мециновиќ.
Во ИЕ3 – влез во Собранието има и актуелниот пратеник Борислав Крмов.
Во четворка влегува Сашко Јанчев, а во Петка – генералниот секретар на Левица, Јована Мојсоска.
– Она за што се залагавме, тоа ни успеа. Го пасокизиравме СДС, ја кутнавме црвената буржоазија што беше наш детски сон уште од транзицијата на под 20 пратеника – потенцираше лидерот Апасиев.
Резултатите на парламентарните избори – 2024, вели Левица ја потврдија и тезата на претседателот Апасиев дека новопојавното т.н. политичко движење е ,,краткотраен проект” или ,,надуван балон”.
– Друга значајна победа е тоа што и покрај сета наша маргинализација, а фаворизација на Максо, го преполовивме проектот на ЗНАМ на пола на претседателските избори – 2024. Но и покрај тоа преполовување на гласовите на ЗНАМ, овој изборен систем повторно нè краде, затоа што некаде го водиме за 4000 гласа, а имаме ист број на пратеници. Ова ќе биде првото барање на Левица, а тоа е воведување на една изборна единица. Ваквиот Д’онтов модел ни краде во секоја изборна единица по еден до двајца пратеници – додаде Апасиев на прес – конференцијата.
Претседателот Димитар Апасиев им се заблагодари на активистите на Левица што заеднички ги донесоа подемот и победата на Левица и што не потклекнаа на малодушноста на одредени субјекти.