„Луѓето ќе бидат на прво место“ – ВМРО-ДПМНЕ ја договари рамката за коалицирање

Претпладнево одржав состанок на кој ги поставивме контурите на рамката врз која ќе го градиме коалицискиот потенцијал со останатите партии и каде фокусот ќе бидат луѓето на прво место, објави на Фејсбук Христијан Мицкоски, лидерот на победничката ВМРО-ДПМНЕ.

  1. Економски силна држава, преку реформи и чекори кој ќе бидат жестока битка за повисок животен стандард.
  2. Фронт против криминалот и корупцијата и постигнување на правда.
  3. Реализација на стратешкиот интерес за европски интеграции, преку дијалог и исполнување на принципи.

Очекувањата се големи, и одговорноста кон народот уште поголема. Македонија ќе биде повторно твоја!“, порача Мицкоски.