„Време е Скопје да се врати на скопјани!“ – градоначалникот Бобан Стефковски ја повика Данела Арсовска да поднесе оставка

„Кредибилитетот и легитимитетот на секој вршител на јавна функција која се избира на непосредни избори извира и им припаѓа директно на граѓаните, без разлика дали се работи за претседател на држава, пратеник, градоначалник или советник, вели на социјалните мрежи градоначалникто на Гази Баба Бобан Стефковски кој порачува дека е време Скопје да се врати на скопјани, а Данела Арсовска да поднесе оставка.

„Бројките велат дека во 2021 година, Данела Арсовска е избрана за градоначалник на градот Скопје со гласовите на 118.545 скопјани, а на вчерашните избори Данела Арсовска преку нејзината партија во општините Гази Баба, Ѓорче Петров, Бутел, Чаир, Кисела Вода, Аеродром, Центар, Сарај и Шуто Оризари освои вкупно 2584 гласови.

По ваквиот резултат јасно е дека Данела Арсовска го загуби кредибилитетот да продолжи да го води градот Скопје.

Скопје му припаѓа на скопјани, а не на Данела Арсовска.

Advertisements

Скопјани вчера и порачаа на Арсовска дека е време да си замине!

Затоа ја повикувам Данела Арсовска да поднесе оставка од функцијата градоначалник на градот Скопје, бидејќи тоа е волјата на скопјани.

Време е Скопје да се врати на скопјани!“, порача Стефковски.