Илија Димовски од ВМРО-ДПМНЕ реагираше на изјавата на Мицотакис дека нема да се ратификуваат протоколите за соработка со Македонија.
„Мицотакис денес најави дека нема да се ратификуваат протоколите за соработка со Република Македонија…
Тие секако чекаат од 2020 година (во случај ако на новите опозиционери им текне да ја критикуваат новата сеуште невоспоставена власт)…
Еден од тие протоколи се однесува на процесор на пристапување на Република Македонија кон ЕУ…
Без тој грчки протокол, и со неколку бугарски вета, ЕУ бара од нас да веруваме во нејзината посветеност за брзо пристапување на регионот во ЕУ… Чудно, нели?
Попатно ќе побараат да се откажеме уште од некоја своја историска или идентитетска карактеристика, и онака веќе почнавме…
Да почекаме да видиме дали денес ќе има приближно исти реакции за Мицотакис, како што имаше за Силјановска…“ напиша тој на фејсбук.