Закон за бранителите нема, осудените за 27 април остануваат во затворите, екстрадацијата на терористите во случајот „Монструм“ наидува на вазален молк. Наместо тоа, премиерот Мицкоски на меѓувладината конфереренција во Косово приреди нов национален срам, реагира Левица.
„Првиот човек на “патриотската“ партија ДПМНЕ, со гордост ги повика оние кои извршија злосторства, агресија и диверзии на територијата на Македонија – слободно да ја посетат Македонија и да не се грижат дека ќе бидат уапсени. Во исто време, министерот Арбен Таравари, за косовските медиуми гордо истакнува дека за време на новата влада имало само еден случај на затворање на член на УЧК и дека, „за среќа“, лицето побегнало и сега е во Косово (алудирајќи на Блерим Рамадани – припадник на терористичката УЧК, обвинет за тероризам, којшто им избега на македонските власти).
Квазиполитиканството на ДПМНЕ и ЗНАМ ги претвори во измеќари на коалицијат ВРЕДИ. Внатре-коалициониот мир и распределбата на функции и државни ресурси на фирми блиски до партиите, имаат предност над достоинството, националните интереси и прашањата што го гушат македонското општество“, се вели во соопштението на Левица.
Предупредувањата на Левица за замена на „Тиранската“ со „Косовска платформа“ се остваруваат пред очите на јавностоа. Овој чин на државниот врв, вели Левица го оценуваме како национален срам, погазување на оние кои ги дадоа животите за Македонија, но и на нивните семејства кои не ја дочекаа долговетуваната правда.
Македонија не смее да се претвори во сигурно засолниште за терористи. Најостро ја осудуваме политиката на вазалство приредена од коалицијата на ДПМНЕ и ЗНАМ. Повторно повикуваме Законот за бранителите веднаш да се најде на собраниска седница и да им се даде почит на вистинските херои на Македонија“, порачува Левица.