Разрешени се полициски началници, помошници и командири во Штип и Кочани

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски поради трагедијата во дискотеката во Кочани одлучи да бидат разрешени началници, помошници и командири во Штип и Кочани.

Разрешение се :

1. Началник на сектор за внатрешни работи Штип

Advertisements

2. Помошник началник на СВР Штип

3. Началник на Одделение за полиција Штип

4. Началник на Одделение за криминалистичка полиција Штип

5. Началник на Одделение за внатрешни работи Кочани

6. Командир на Полициска станица од општа надлежност Кочани

7. Началник на Надворешна канцеларија за криминалистички работи Кочани.

Тошковски изјави дека со цел обезбедување на ефикасна и независна истрага за трагичниот настан во дискотеката „Пулс“ во Кочани е донесена одлука за разрешување на раководните лица на локалната полиција во ОВР Кочани и СВР Штип и нивна замена со полициски службеници од Скопје.

„Ваквата одлука не прејудицира никаква вина, туку е чекор кој треба да гарантира процесот да се одвива без никакви притисоци, сомнежи и влијанија. Во моменти како овие, клучно е институциите да работат со највисока транспарентност и професионалност.“, истакна министерот Тошковски.

Министерот Тошковски објасни дека тоа е со цел воспоставување на оперативна поставеност која ќе овозможи целосна непристрасност, со полициски службеници кои немаат никакви лични или професионални релации со средината која беше погодена од страшната трагедија во која животот го загубија 59 луѓе а околу 200 се повредени.