Обезбедувачот на Мицкоски во притвор поради оддавање службена тајна

Ангел Сарамаков од Велес, полицаец и член на обезбедувањето на премиерот Христијан Мицкоски доби 30 дена притвор.

Тој беше уапсен на паркинг пред хотел во Велес. При претрес на неговото возило бил пронајден ранец со службени материјали од МВР.

При дополнителните претреси на повеќе локации биле запленети електронски уреди, службени документи и други предмети значајни за истрагата.

Од Министерството за внатрешни работи претходно информираа дека на Сарамаков ќе му биде поднесена кривична пријава за делото „оддавање службена тајна“.