(ВИДЕО) Благодарност до лекарите кои дојдоа во Македонија да им помогнат на повредените во Кочани

Директорката на Универзитетска клиника за пластична и реконструктивна хирургија, д-р Јасмина Ѓоргиевска Павловска, се расплака во моментите кога им изразуваше благодарност на докторите од Израел, Чешка и Србија кои дојдоа во Македонија по трагедијата во Кочани и им помогнаа на повредените.

– Сакам да ви се заблагодарам на сите што сте тука и ни помагате во оваа ситуација. Завршивте одлична работа. Ни го дадовте патот по кој треба да одиме, за да го направиме најдоброто за овие млади души и да им дадеме шанса да го видат светот, вели Ѓоргиевска Павловска.

Видеото од хуманитарната мисија на докторите го објави еден од воедечките медицински центри во Израел – Sheba Medical Center Global Impact.

Основан во 1948 година, Медицинскиот центар Шеба е најголемата, најсеопфатна здравствена установа на Блискиот Исток и една од најдобрите 10 болници во светот во последните четири години според списанието Newsweek.

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by @americanfriendsofsheba