Француската актерка Надија Фарес почина на 57-годишна возраст по несреќа во базен во Париз, која се случила кон крајот на минатата недела.
По инцидентот, актерката била во кома и во критична состојба, а тажната вест ја потврдија нејзините ќерки Силија и Шана Часман.
„Со огромна тага ја објавуваме смртта на Надија Фарес. Франција загуби голема уметница“, се наведува во соопштението доставено до агенцијата АФП.
Надија Фарес е родена на 20 декември 1968 година во Маракеш, Мароко. Детството го поминала во Ница, а подоцна се преселила во Париз каде ја започнала својата актерска кариера.
Првите позабележителни улоги ги остварила на телевизија, а поширока популарност стекнала со филмот „Тие никогаш не забораваат“ (Elles n’oublient jamais). Во текот на кариерата остави силен белег во филмовите „Демоните на Исус“ (Les Démons de Jésus), „Црвените реки“ (Les Rivières pourpres) и „Гнездо на оси“ (Nid de guêpes).
Соработувала и со познатиот режисер Клод Лелуш, а дел од кариерата го изградила и во Холивуд, каде настапи во филмовите „Плен“ (Rogue), „Среќен ден“ (Lucky Day) и „На линија“ (On the Line), покрај Мел Гибсон.

Беше во брак со американскиот продуцент Стивен Часман, со кого се запознала за време на снимањето на филмот „Transporter“. Зад себе остави две деца и богата филмска и телевизиска кариера, вклучувајќи ги и сериите „Марсеј“ и „Лутер“.
Нејзината смрт претставува голема загуба за француската и светската филмска сцена.



