Целиот свет зборува за бебето кое преживеа торнадо: Пронајдено покрај дрво без тешки повреди

Вистинско чудо се случило во Кларксвил, во американската сојузна држава Тенеси, каде четиримесечно бебе преживеало разорно торнадо откако неговата лулка била однесена од силниот ветер.

Разорното невреме го уништило домот на семејството Мур–Јангблад, кое во моментот на ударот било внатре заедно со своите деца.

Додека куќата се распаѓала под силата на торнадото, малото бебе Лорд лежело во својата лулка, која била извлечена од домот и однесена во непознат правец.

Во шок и паника, родителите веднаш започнале потрага по своето најмало дете, стравувајќи од најлошото.

По неколку минути, бебето било пронајдено на околу 7,5 метри од уништениот дом – живо и со само мала повреда на увото.

Семејството подоцна изјавило дека им изгледало како детето нежно да било положено покрај дрвото, на место што го заштитило од најсилниот удар на невремето.

Advertisements

„Не знам како е можно да преживее, освен дека Бог го чувал“, изјавила мајката Сиднеј.

Приказната брзо се проширила низ САД и светот, а многумина ја нарекле вистинско чудо – доказ дека и во најголемите катастрофи понекогаш се случуваат неверојатни спасувања.